мажи (св. и несв.)
Навистина, многу долго време не се беа виделе, но, знаела дека е мажена и дека има две деца.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Мажи се сега тие. Војници. Ја. А и умот од тоа може да ни роди нешто.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Јас потскокнувам и си го прераскажувам сонот што треба да ти каже кое момче ќе го земеш, за кој човек ќе се мажиш.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Кој си ти и кој ти ги видел очите да те праша за кого јас ќе се мажам?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Вчера само за инат ти велела дека не те сака и дека ќе се мажи за Бузо, зашто ти си се правел важен, не си ѝ обраќал внимание.“
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Кога порасна и дојде време да се жени, ниедна девојка не сакаше да се мажи за него. А и тој не сакаше да се жени.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Тоа е мој живот кој јас треба да го живеам и нема сила што ќе ме натера да постапам поинаку. Јас со грчкио конзул не се мажам.“
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
И нема никогаш да ме натераш да се мажам со конзуло! НИКОГАШ!
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Мојата сестра Ева веќе беше мажена и имаше свое семејство. Се омажи за еден колега од работа.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
„Јас не се мажам од интерес. Ни во името на ова ни некоја друга фамилија.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Кога ѝ рече да бара момче за мажење — се намршти.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Стоев во претсобјето, мирисот беше ист како и пред да заминам, оној мирис кој го донесовме со себе кога се вселивме во тој дом кога имав единаесет години, и кој остануваше непроменет и откако Зигмунд се отсели кога имав дваесет и една година, и откако се мажеа и од домот заминуваа моите сестри, и по заминувањето од дома на брат ми Александар, тој мирис на нашиот дом остана ист и откако умре татко кога имав триесет и четири години, една година пред да заминам за Гнездо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Цело време се менува времето, ѓуптин се жени, ѓупка се мажи.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Па што ќе ми е веленце, ќе си речам во сонот, вели, кого ќе женам, кого ќе мажам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ганка се мажеше за човек со занает и - со дуќан, за кројачот Арсо, толку невозможно ситен што мене ми изгледаше дека е дете циркуски маскирано во човече.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Овој огранок на едно од шесте најголеми семејства во Албанија (барем така се веруваше во семејната легенда), по престојот во Влора, на крајот ќе се најде во Тирана, обединето но без Мајка, која ќе следи друг пат на судбината, мажена кај Сул-Старови, кај друго големо семејство на Албанија, во крајезерскиот Поградец...
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Сега знае дека не смеат да ја мажат, оти по првата брачна ноќ сите прсти би покажувале на нив, на децата на нечестивиот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Затоа што и Билјана додека го белела платното, а Ајше со пирајка ги млатела чергите на река (биле доволно стари и мажени за Климе и Реџеп) со белото месо на натколеницата која била намокрена, на случајниот минувач му била копнеж со години... и сликата на испуканата земја покрај босите нозе никогаш не му исчезнала од главата, а со неа и прашањето: „Кој бил најжеден - земјата исушена, жената распукана како лубеница со раскрачени бутови, или... тој?“
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Ногу е шерет, кој знае шо ќе посака, дали ќе крши лејка да се мажи толку брго!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Само така те сакам и те зимам, инаку, кажи ми отворено и јасно: за мене ќе се мажиш или за некој околу мене? — И стана од столчето, се приближи до нејзиното.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)